Познатиот бугарски новинар Ѓорѓи Коритаров кој се чини е гласот на разумот во Бугарија во овие тешки преговори со Македонија каде се оспорува македонскиот идентитет и јазик ги разобличи сите тези на бугарската политичка елита, пишува Инфомакс.
Новинарот говорејќи за реалноста за постоењето на македонскиот јазик во емисијата „Заспиј ако можеш“ порача било кој од тие Бугари кои го оспоруваат постоењето на македонскиот јазик нека земе да прочита книга на македонски, се разбира ако може.
-Тоа е голем проблем, а тој ќе биде проблем додека не се најде решение како, кога и дали воопшто на пример во бугарските бугарските универзитети да започне академско изчување на современата македонска литература и општо изучување на македонска литература. Да започне изуување на современ македонски јазик зошто Бугарија за да ја води оваа комуникација треба да има академски образувани луѓе, спремни да водат дијалог. Сега точно е дека ние се разбираме. Разговорно немаме проблем да си зборуваме. На пример јас сум човек кој завршил српско-хрватска филологија имам многу широка јазична подготовка и за мене е уште помал проблем. Немам проблем, но за многу луѓе е се поголем проблем. Да не говорам за читање на книга на македонски јазик. Тоа ќе им отежни на многу луѓе. Различна синтакса, различен вокабулар, но нема значење каков е родот на лексиката.