На 30.07.1997 година, или точно пред 21 година, ФК Победа го одигра првиот дуел од евро куповите.
На стадионот “Гоце Делчев”, пред околу 7000 гледачи, Победа го одигра реванш дуелот од претквалификациите на Купот на УЕФА, против полскиот клуб Одра.
Победа го загубила првиот дуел во Полска со 3:0, а на домашен црвено-белите фудбалери успеале да ги израдуваат фановите со триумф од 2:1.
Иако недоволно за пласман во следното коло, овој дуел се памети и ден денеска.
Тоа биле времиња кога градски се исполнувал до последно седиште, а жарот и љубовта кон фудбалот биле огромни, пред се поради квалитетот кој го прикажувале фудбалерите на теренот.