Последниве неколку години огромна е заинтересираноста на прилепчани за фрлање по Светиот крст за време на празникот Богојавление – Водици. За денес беа пријавени 86 учесници кои скокнаа во водите на базенот во хотелот „Сонце – ГА“, на церемонијата која започна во 12 часот.
Дарко Јанкоски беше најсреќен помеѓу 86 учесници кои скокнаа по Светиот крст во Прилеп.
Од водите на базенот на хотелот „Сонце – ГА“, Дарко прв го изваде Светиот крст, а ова било негов седми обид.
Му посакуваме среќа, вечно здравје и нека неговите молитви бидат насочени кон сите нас.