Дарко Чатлески и неговите борци ја кренаа во воздух атмосферата на “Fighters Glory” во Холандија

Без многу зборување, но со многу работа, напор и труд, резултатите се веќе видливи.  Борците од Кик-Бокс Клубот “Шампион”-Прилеп го докажаа својот квалитет, а  задоволството и заслугата одат на тренерот Дарко Чатлески, кој речиси секој миг го посветува на напредок и подигање на прилепскиот и македонскиот бокс и кик-бокс.  

7

На 22.10.2016 во градот Драхтен Холандија се одржа таи бокс настан под наслов “FIGHTERS GLORY” организиран на нај високо ниво. Учествуваа многу клубови од Холандија со околу 40 борци. Главни личности и тренери на настанот беа Семи Шилц и Петер Артс, добро познатите Шампиони во К-1. На овој настан учествуваа двајца борци од Македонија од Кик- Бокс Клубот “ШАМПИОН” – Прилеп “ТИМ ЧАТЛЕСКИ”, во кадетска конкуренција до 15 години.

6

Трајче Илиоски(Team Chatleski)против Мухамед Хазар(Team Shamar) и Бојан Станојоски(Team Chatleski) против Јарник Вос ( Mejiro Gym). Трајче Илиоски покажа добра борба, итоа 3 рунди рамноправна борба, со размена на удари со рака и нога ја дигна публиката на нозе. Во одредени моменти Мухамед задаваше удари со колено. На прогласувањето за победник, прво му беше крената раката на нашиот борец, но во секунда се смени одлуката и беше прогласена победа од 2:1 за Мухамед Хазар.

2

4

Бојан Станојоски беше цели 3 рунди надмојќен над Јарник Вос. Доминираше со рачна техника и удари со колена, каде противникот беше повеќе пати на подот, па со едногласна одлука и резултат од 3:0 го победи противникот.

5

Дарко Чатлески : “Ова е голем резултат за моите борци, а воедно и за мене и нашиот клуб. Направивме голем успех. Да се покажат рамноправни борби во Холандија и да се победи е голем успех за Македонија, за Прилеп и за мене. Организаторите се задоволни од нашиот настап, а јас веќе преговарам за идни настапи. Честитки имавме од Петер Артс и Семи Шилц кои рекоа оти се изненадени дека постојат вакви борци во Македонија. Следен настап ќе биде во Белгија”, истакна Дарко Чатлески, тренер на Кик -Бокс Клубот “Шампион”.

1




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.