Дарко Медарски е новото свежо лице на македонската сцена

Дарко Медарски е новото свежо лице на македонската сцена. Има 25 години и е студент на психологија. Свири на повеќе инструменти од кои матичен инструмент му е гитарата. Исто така, свири на усна хармоника, бас и клавијатура.

Од 17 години настапува по фестивали,дискотеки и барови. Има настапувано во Германија, Бугарија и Турција. Живеејќи порано во Куманово, а сега во Скопје, успеал својот талент и страст за музиката да ги преточи во неговата авторска соло песна “ Waiting for Godot “.

Има и бенд наречен Man in a suit, кој дава целосна нова слика на она на што досега е навикната македонската музичка сцена.

Во продолжение слушнете ја неговата авторска песна и уживајте во официјалното музичко видео.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.