Даре Талески е првиот награден од наградната игра НАЈСЕЛФИ НА МАРКУКУЛЕ.

Даре Талески од Прилеп е првиот добитник на наградната игра Најселфи на маркукуле.мк. Во периодот од 02.11 до 02.12.2015година, Даре на својата селфи фотографија собра 274 лајкови и ја победи конкуренцијата. Редакцијата на маркукуле.мк го награди со вредносен ваучер од 2000 денари, кој ќе го искористи во Шопинг центар Лукас.


Денеска се подруживме со него и поразговаравме како тој гледа на нашиот потег за наградување на читателите.

Не го криеше задоволството и повика и овој месец да се пријавувате и да земете учевство во нашата наградна игра.

 

 

 

 

Вели дека овој начин на комуникација со читателите е одлична можност пред се за дружење и контакти со луѓе, за време на собирањето на лајкови.
За наградата смета дека не е мала и дека вредело да се натпреварува и да се стигне до неа.
Даре е редовен читател на маркукуле.мк, му се допаѓа сајтот и не охрабрува да продолжиме со добрата работа и со известување на граѓаните за сите настани и случувања.
Му посакуваме убаво да го искористи ваучерот и го повикуваме и него и сите други редовно да ги следат новостите на нашиот веб сајт и да земат учевство. Екипата на маркукуле.мк ветува уште многу дружење и наградувања.

Линк до играта




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.