Данела со еден потег покажа дека Скопје доби градоначалник на место (Фото)

Средствата од договорот склучен со три угостителски субјекти од страна на претходното градско раководство, во вредност од околу 32 илјади евра ќе бидат пренаменети за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории преку Ретвитни Оброк и Црвениот крст на Скопје – напиша на ФБ градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Ова ќе биде практика на градот секоја година. Наместо угостителски услуги како непродуктивен трошок, ќе се користат овие средства за социјално ранливите категории, особено кога наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми во време на економска и енергетска криза.

Наместо средства за репрезентации или непродуктивни трошоци, пренамената ќе помогне во зајакнување на поддршката и грижа таму каде е најпотребно, со што дополнително ќе се помогне иницијативата на Ретвитни Оброк да се прошири на национално ниво – напиша Арсовска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.