Дамјан Стојаноски, Влатко Миладиноски, Елена Велевска, Благоја Грујовски… ќе пејат заедно на хуманитарен концерт во прилепско – Целта е благородна!

По повод празникот Св. Кирил и Методиј на 24.05.2023, манастирот Св.Илија Писокал кај прилепското село Кален, организира хуманитарна забава за реконструкција на манастирската црква.

Празникот ќе започне со света утринска литургија со почеток во 07часот, а со почеток од 10часот ќе започне голема хуманитарна забава на која ќе настапат голем број естрадни уметници од домашната сцена.

Меѓу најпознатите изведувачи се: Дамјан Стојаноски, Влатко Миладиноски, Спасен Силјаноски, Елена Велевска, Ирена Спасовска, Благоја Грујовски… и многу други.

Сите верници и добронамерници се поканети. Да помогнеме сите заедно ова светилиште да добие изглед како што доликува!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.