ДАЛИ СТЕ КУЛТУРНИ: Културните луѓе ги имаат овие осум особини

“Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу образованите луѓе, мора да биде културен”, му напишал во едно писмо Антон Павлович Чехов на својот помлад брат, составувајќи му и спсиок на карактеристики кои треба да ги имаат културните луѓе:

-Културните луѓе секогаш имаат почит кон другите, љубезни се и внимателни, учтиви и подготвени да помогнат.

-Сочувствуваат со сите, не само со бездомниците и животните. Се грижат и се жртвуваат за другите.

-Ја почитуваат туѓата сопственост, па затоа ги враќаат своите долгови.

-Искерни се и презираат лаги. Не лажат ниту за ситници. Лагата ги навредува соговорниците.
Се однесуваат исто и на улица и во својот дом, не се променуваат пред своите пријатели. Од почит кон другите повеќе молчат, а помалку зборуваат.

-Не си наштетуваат себеси за да предизвикаат сожалување кај другите. Не си играат со туѓите емоции. Не викаата “Мене никој не ме разбира” или “За мене никој не се грижи”, затоа што тоа се евтини трикови.

-Не се грижат за лажни вредности, познанства со познати личности или за тоа и самите да бидат познати. Ако направиле нешто значајно, не прават од тоа драма и не се фалат за тоа дека имаат пристап на места на кои другите немаат.

– Ако имаат некаков талент, го почитуваат. Поради него жртвуваат одмор, романси, забава, суета. Се гордеат со својата дарба, но и многу се посветуваат.

– Имаат развиено чувство за естетика, за она што е убаво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.