Југословенскиот лидер, Јосип Броз Тито сакал СФРЈ по секоја цена да добие Оскар, па заради таа желба собрал повеќе славни имиња за филмот „Битката на Неретва“. Сепак, до ден денешен многумина не знаат дека плакатот за ова филмско остварување е дело на славниот Пабло Пикасо.
Сергеј Бондарчук, Јул Бринер, Ентони Донсон, Орсон Велс и многу други славни имиња на светската кинематографијата, како и најдобрите актери од просториите на поранешна Југославија, се собрале за под палката на Велко Булајиќ да се обидат да стигнат до Оскар.
Сепак, на Тито и натаму нешто му недостигало.
Му фалело големо уметничко име, а тоа е Пабло Пикасо, па така дал налог толку реномираниот сликар да го направи плакатот за „Битката на Неретва“. Пикасо во својата кариера направил само два филмски проекти. Едниот за шпанскиот филм „Андалузиско куче“ од 1929 година, а вториот за „Битката на Неретва“.
Интересен е фактот дека Пикасо за изработката на плакатот не побарал никаков хонорар, туку само 12 шишиња вино од Југославија.
Извор: “Република.мк”