Дали со 4 милиони и три станови овој човек стана портпарол на СДСМ?

Извршниот одбор на вчерашната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на општина Струмица.

Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии.

Дарко Каевски е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор. Во периодот 2018 – 2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ.

Водејќи се од начелата за одговорно комуницирање, отеченост и транспарентност, портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и Богданка Кузеска стојат на располагање на новинарите и јавноста за прашања од каков било интерес, информираат од СДСМ.

Неодамна од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со обвинувања дека Каевски на 30-годишна возраст поседува три станови и 4 милиони денари на сметка.

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да објасни како се стига до три стана и сметка од 4 милиони со државна плата




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.