Дали прилепската болница нема греење, а сите молчат?

Неофицијално прилепската болница веќе неколку денови нема греење во екот на зимската сезона и страшна пандемија.

Според нашиот соговорник пациентите се смрзнувале и биле принудени да носат грејни тела од своите домови.

Зошто за овој скандал молчат и позицијата и опозицијата се’ уште не е јасно. Премолчено беше и прашањето дали оваа институција пред две години се греела на забрането канцерогено гориво.

За потсетување, само пред една година Зоран Заев пристигна со хеликоптер пред болницата за да каже дека здравството ни е одлично.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.