Тешко повреден ученик по пад од прозорец во училиште во Прилеп

Второто полугодие од школската година во Прилеп започна со немил настан, кој малку фалело да заврши фатално.

Maркукуле дознава дека денеска по пад од прозорец тешко е повреден шесттоодделенец во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.

Ученикот со тешки телесни повреди е примен во прилепската болница “Борка Талески”, каде е констатирано дека се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на прешлените.

Поради сериозноста на повредите, детето е итно префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.

Во моментов надлежните работат на расчистување на случајот и утврдување на точните причини позади несреќниот настан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.