“Дали пратениците од СДСМ бегаат од дуел за Северна Македонија во двојазичен Прилеп на ТВ”Канал ВИЗИЈА”?

Сеуште ниту трага, ниту глас, од пратениците на СДСМ од Прилеп на фрлената ракавица за тв дуел пред граѓаните со нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија, минатата недела ги повикаа своите колеги од СДСМ, Кети Смилеска и Хари Локвенец на ТВ дуел пред граѓаните на регионалната телевизија “Kaнал Визија”.

Целта на овој повик е пред граѓаните да дебатираат за сите неразјаснети прашања околу престојниот референдум, контроверзните одлуки околу потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција, но и за реализацијата на т.н. “тиранска платформа” и гласањето на Законот за употреба на јазиците, со кој Прилеп станува двојазичен град.

Двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, минатата недела исто така преку социјалните мрежи истакнаа дека немаат намера да гласаат за уставни промени со цел промена на државното име.

Од дуел избега и претседателот на Советот на Општина Прилеп и претседател на општинскиот огранок на СДСМ Прилеп, Миле Талески, кој поканата за дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, иако претходно ја прифатил, не се појавил на радио станицата “Пела”.

Луѓето кои во изминатите години бараа дуели во интерес на јавноста, денес очигледно бегаат од истите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.