Албанскиот премиер Еди Рама се состана со лидерите на албанските партии во Македонија кои добија пратенички мандати.
Со Еди Рама зад затворени врати се советувале Али Ахмети, Билал Касами и Зијадин Села, пишува српскиот портал “kreativni svet balkana”.
Резултат на овој големоалбански состанок е донесен документ со назив ” Заедничка програма за делување на наредната и сите идни влади”.
Како што пренесува порталот, во “Заедничката програма” се нагласува дека целта на неговите потписници е “достигнување на целосна рамноправност со промена на Уставот на Македонија”.
Во истиот документ е запишана обврската на партиите потписници и нивните лидери да издејствуваат, на Албанците во Македонија да им бидат достапни сите функции во служба на државната безбедност, полицијата и правосудството.
Посебно се нагласува дека албанските партии ќе бараат употреба на албанскиот јазик и албанските национални симболи на целата територија на Македонија, дури и во градовите каде не живее ниту еден Албанец.
Извор: kreativnisvetbalkana.net