Компанијата “Ј.D. Power and Associates”, која е најпозната по истражувањето на задоволството на купувачите од квалитетот и долгорочноста на автомобилите, објави резултати од својата последна студија.
Студијата, која компанијата ја прави 28 години по ред, ги истражува проблемите на сопствениците на автомобили во период од 12 месеци, а оваа година истражувањето е спроведено на возилата произведени во 2014 година.
Студијата “покрива” 177 конкретни проблеми групирани во 8 главни категории, а е спроведена во периодот од октомври до декември 2016 година. Во неа учествувале 35.186 сопственици на возила произведени во 2014 година.
Од она што го открива студијата, најголемите проблеми се чини дека се поврзани со технологијата, односно во мултимедијалните системи, каде проблемите се најголеми.
Автомобили кои според оваа студија најмногу се расипувале се:
Форд Фокус (04-11), Опел (Vauxhall) Астра H (04-13), Пежо 206 (98-09), Форд Транзит (06-), Опел (Vauxhall) Корса D (06-14), Голф Мк.5 (03-08), ВMW серија 3 Е90 (05-14).