Корисниците на Редит одржале натпревар во пишување на најстрашна кратка хорор приказна во две реченици.
Ова се резултатите-Најстрашните три хорор приказни во само две реченици:
„Мојата сестра ми вели дека мајка ми ја убила. Мајка ми вели дека немам сестра.“
„Го ставав синот во креветчето, кога наеднаш се сврте кон мене и ми рече: Тато, провери дали има чудовиште под мојот кревет? Знаев дека се плаши па погледнав под креветот за да му го отерам стравот, кога под креветот го гледам него како ме гледа и ми вели: Тато, провери дали некој лежи на мојот кревет.“
„Ја бакнав жена ми и ќерка ми за добра ноќ и легнав да спијам. Кога се разбудив бев во тапацирана соба, а медицинските сестри ми кажаа дека сум сонувал нешто.“