Дали е уапсен Миленко Неделковски?

Поради објава на Фејсбук, попладнево полицијата го апси Миленко Неделковски. Полицијата пристигнала на адресата на фармата на неговиот брат, а како што објаснува на социјалните мрежи, полицајците кај себе немаат никаков документ со кој се оправдува приведувањето.

“На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат “покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога…
Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена.
Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: “ovie stvarno se reseni da ne i dadat na stranata da se vkluci”.
Нека апсат. Македонија е ппголема и од овој момент и од сите нас заедно.
Смрт на фашизмот – слобода за народот”, напиша Неделковски на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.