Дали ЕУ полека се распаѓа ? Единството на ЕУ повеќе не постои, се побунија Италија и Унгарија

merkel-orban-oland-renci-600x356

Лидерите на 27 држави членки вчера во Братислава имаа неформален но значаен самит на кој најмногу се разговарало за иднината на ЕУ без Велика Британија, но и за мигрантската криза.

По завршувањето на средбата на лидерите, италјанскиот премиер Матео Ренци одбил да присуствува на пресконеференцијата за новинари заедно со германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Оланд. Причината за тоа било тоа што не делат исти ставови околу некои прашања.

Ренци изјави дека на самитот државите не пронашле решение за мигрантската криза, дури воопшто не се ни поместиле од мртвата точка. Тој не е задоволен ни за заклучоците за економскиот раст и за имиграциите.

“Самитот не беше губење на време, но за денешниот документ донесен во врска со мигрантите, да се опише како чекор напред, потребна е фантазија”

Виктор Орбан, унгарскиот премиер изјави дека првиот состанок без Велика Британија не донел промена на миграционата политика на Европската Унија. За оваа политика тој вика дека е “деструктивна и наивна”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.