Дали в недела ќе проработи совеста на Мустафи?

pobeda1

Во неделното 32-ро коло на Првата лига прилепска Победа ја очекува гостување во Чаир, Скопје против Шкупи. Според жребувањето на распололоживите судии (за ова коло во стаклениот сад не се најдоа имињата на двајцата наши најдобри судии Александар Ставрев и Димитар Мечкаровски-со нивните помошници) тетовецот Фатон Мустафи е одреден (извлечен) да го води овој натпревар кој директно решава за 7-то место на табелата и екипата која ќе избори директен опстанок или ќе биде 8-ма и ќе игра бараж за останување во Првата лига со 3-топласираниот состав од Втората лига.

Во ФК Победа во најмала рака со резерва е примено определувањето на Фатон Мустафи за делител на правдата на овој исклучително значаен натпревар за нашиот клуб и неговите амбиции и крајни цели во годинашниот за нас дебитантски прволигашки шампионат. ФК Победа има две непријатни искуства ова првенство со Господинот Мустафи. И во двата случаи сме директно оштетени од неговата арбитража и по негова заслуга сме поразени во Кратово и не победивме со Брегалница во Битола.

Победа токму заради необејктивното судење на Фатон Мустафи, во Кратово не освои 1 бод на мечот од 2-то коло со Силекс кога на домаќините им подари непостоечки пенал за нивна победа во 82-та минута. За таа своја арбитража доби пониска оценка и беше санкциониран од судискиот одбор. По одлежаната казна (не беше делегиран следните 3 кола), за наша несреќа, повторно беше делегиран веднаш да и суди на Победа. На натпреварот од 6-тото коло во Битола со Брегалница, кој заврши без голови 0-0 не досуди класичен пенал за нашиот клуб. И за оваа своја неопростлива грешка беше санкциониран и следното делегирање на прволигашки меч му беше по 11 кола (во 17 коло на мечот Силекс-Шкупи)

И што доби ФК Победа од тоа? Ништо!!! Останавме покуси во бодовното салдо за 3 за нас големи бодови. Не би сакале да навлегуваме во тоа дали има задни намери во неговата арбитража. За ФК Победа најбитно е да има објективно и судење според правилата на фудбалската игра. Овие суштински нешта на претходните два споменати натпревари со Фатон Мустафи како главен судија ФК Победа ги немаше. Се надеваме, посакуваме и апелираме кај Господинот Мустафи совеста кај него да проработи. Да не остави да играме на Чаир. Ако сме подобри да победиме, ако е Шкупи подобар ние први ќе му честитаме на домаќинот. Нека се игра фудбал и нека победи подобриот!!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.