Утрово во Прилеп, во населбата “Димо Наредникот”, комуналците ги пронашле контејнерите за собирање хартија фрлени во во речното корито на градска река.
Кој и зошто се глупира и го уништува она што треба да биде општо добро на сите? Од ЈКП Комуналец се сомневаат дека можно е тоа да се млади лица кои ваквите немили појави ги прават во раните утрински часови.
Но, како и да е, едно е сигурно, далеку сме ние од Европа и Европска Унија со вакво однесување.