“Дали вака Владата и Стојанче Ангелов се грижат за децата на бранителите??”

На вчерашната 52-ра седница на Комисијата за образование, наука и спорт, како единствена точка беше Предлог законот за измени и дополнување на Законот за студентски стандард.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија амандман, со кој се предвидуваше децата на бранителите и на социјалните категории да добиваат 50% од предвидените стипендии во државата.

Ова требаше да значи огромна помош за родителите бранители, кои имаат деца студенти.

Сепак, оваа иницијатива на пратениците од опозицијата не наиде на разбирање кај владиното мнозинство во комисијата, па амадманот беше одбиен.

Советник за одбрана на претседателот на Владата, Стојанче Ангелов, за оваа иницијатива не истакна ништо.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.