Дали акцијата на МВР за поткуп ќе се прошири и во Прилеп?

Пред два дена полиција yпадна во магацини во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ oд Струмица, пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини.

Претседателот на невладината „Сите заедно можеме“, Александар Маркоски, за “А1он” изјави дека во акцијата на полицијата гледа политичка заднина бидејќи стоката е донирана од семејството Заеви.

Но, полицијата заедно со јавен обвинител побарале документи за потекло на стоката.

Според денешното пишување на “Вечер”, продуктите кои се делат немаат потекло, односно нема сметка кој ги купил и кој всушност донира. Овој вид на поткуп во Струмица и низ цела источна и централна Македонија Заев и СДСМ го вршат повеќе од десет години наназад, тоа секој го знае и постојано се гледа. Тоа што божем формално фамилијата на Зоран Заев е донатор не е точно, не постојат сметки со кои може да се докаже дека донатор се Заеви, а не партијата СДСМ и рекетирани фирми – пишуваат од порталот.

Деновиве пак на социјалните мрежи се отвори дилема и се поставија прашања дали акцијата на МВР ќе се прошири и во Прилеп?

Корисниците потсетуваат на прес конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, од каде исто така побараа да се достави потекло на продуктите.

Имено од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, уште пред 3 недели прашаа: Колку чини донацијата на пакетите? Од кои пари се платени тие пакети и, доколку се платени од партијата, од каде толку пари во буџетот на еден партиски огранок? Како и на кој начин е направена селекција кои граѓани да добијат донација, а кои не и дали ќе покажете сметки пред јавноста за тоа дека е извршено плаќање на продуктите?

Од партискиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш го повикаа Основното јавно обвинителство да испита дали станува збор за донација и, ако е така, на каков начин е обезбедена и дали е правно регулирана, а доколку продуктите се набавени со средства од партијата, да испита на каков начин биле обезбедени тие средства, од каде потекнуваат и од каде толку големи финансиски средства на располагање во еден партиски огранок, ако се има предвид дека партијата додели трипати повеќе пакети од општината?

Од општинската организација на СДСМ Прилеп пак објавија дека ќе поделат 1.000 пакети на социјално загрозени семејства.

Со оглед дека запленетите пакети во Струмица биле наменети за граѓани од ранливи категории во општините Прилеп, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Дојран, Радовиш и Конче, засега останува нејасно дали полициjaта ќе ја прошири истрагата и во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.