Силно невреме денеска го зафати Велес. Гром удри во зграда во близина на основното училиште Васил Главинов, при што се запали стан на поткровјето од зградата.
Во пожарот за среќа нема настрадани. Лекарска помош им е укажана на две лица кои имале проблеми со дишењето поради вдишан чад.
Пожарот го гасне противпожарната единица во Велес, а на помош пристигна цистерна од ЈКП Велес.
На лице место се и локаните власти и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски.
Извор: “Курир.мк”