Силно невреме проследено со грмежи и град со големина на орев, попладнево погоди повеќе населени места во околината на Прилеп.
До нашата редакција пристигнаа фотографии и видео од невремето во Тополчани, а град имало и Воѓани кај Кривогаштани.
Засега нема информации колкави штети се предизвикани врз земјоделските посеви.