Неколку стотици граѓани се собраа во центарот на Прилеп и ја слават големата историска победа на Македонија над фаворизираната Италија.
Се пејат песни, се извикува “Никогаш Северна, само Македонија”.
Истовремето и десетици автомобили со развиорени знамиња го кренаа градот на нозе.
Прилепчани покажаа дека живеат за спортот и секогаш се ветер во грбот на нашите репрезентативци.