Трајко Вељаноски е ocyден без никаква вина. Вашата ocyдителна пpecyда е политичка. Можеби Вие и не сте сосема виновни за тоа, но дилеми нема – ова е класичен политички реваншизам и брутална одмазда спакувани во вид на судска пресуда – пишува во најновата колумна новинарот Бранко Геровски.
Видете вака, друже судија…
Јас не можам и не сакам да тврдам ништо во врска со евентуалната вина на Миле Јанакиески, на Спиро Ристовски и на тој Владимир Атанасовски (кого ни површно не го познавам) за организирањето на насилствата во македонскиот парламент на 27 април 2017 година. Би можел само да го споделам мојот впечаток, кој е поблиску до тврдењето на сведокот Зоран Заев, дека Миле и Спиро сепак не биле организатори на обидот за пуч. Но, велам, не сакам да обзнанам личен суд само врз основа на написите на пословично површните и неретко навивачки настроени известувачи од македонските медиуми од Вашата судница.
Сепак, кога станува збор за Трајко Вељаноски и за неговата улога во настаните, се сметам за квалификуван набљудувач на процесот. Единствената „вина“ на Вељаноски, всушност, е што цврсто и доследно се држел до словото и до духот на собранискиот деловник и не прифатил да воведе нова пракса да ја укине дебатата во парламентот, за да се реализира планот за „мирен трансфер“ на власта, на фамозната конститутивна седница со која тој претседавал. Трајко, всушност, е „виновен“ што не се согласил да го прекрши деловникот (како што било барано од него и како што веројатно било опортуно) и тоа е единствената причина поради која сега, со Вашата пресуда, друже судија, тој официјално е прогласен за – терорист.
Целата колумна прочитајте ја на “Плус инфо”