Гepманcката амбacaда во Македониja со важно cooпштение во вpcка со paботните визи

Германската амбасада во Скопје утрово соопшти дека во следните три месеци нема да има листа на чекање за пријавување.

Според Амбасадата, ваквата одлука е донесена затоа што при последното пријавување за термини, поради технички проблеми, пријавени се повеќе лица, поради што овие лица ќе бидат поканети на термин до февруари.

-Поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрираа повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин. Амбасадата одлучи да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин до најверојатно крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед. Од таа причина, во месеците ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин.

Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема.

Исто така однапред би сакале да Ве информираме, дека Амбасадата најверојатно на почетокот на наредната година ќе воведе промена во врска со регистрацијата и доделувањето на термините. На тој начин регистрацијата ќе се поедностави. За конкретните детали ќе бидете благовремено информирани – велат од германската амбасада во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.