Гepманиja го одложи попиcoт за 15 мaj 2022 поради Koвид, кај нас 3aeв вели морало сега, оти немало да одиме напред

Поради коронавирусот Германија го одложи спроведување на пописот на 2022 година. Иако првично оваа сложена операција требаше во земјата да се изврши годинава, донесена е одлука пописот сепак да се одржи на 15 мај 2022 година.

Во објавата на германската агенција за статистика се наведува дека пописот се одложува поради ковид пандемијата која несомнено влијаела и на процесот на подготовка на пописот.

Во Македонија пак, премиерот Зоран Заев инсистира на одржување на попис во април годинава. Дневниот број на новозаболени од коронавирус е во благо опаѓање, но бројот на смртни случаи и натаму е висок.

-Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери. Пописот, како статистичка операција, според највисоките стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика кој за пилот фазата ги доби највисоките оценки. Нашите граѓани чекаат попис речиси две децении, оваа шанса нема да ја пропуштиме. Сѐ е подготвено, а развој е можен само со точни статистички податоци, категоричен е Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Заев подготвува фалсификат попис, односно да направи пописен инженеринг како што направил и изборен инженеринг.

-Нејасни се за нас три поенти, односно три состојби. Првата, зошто не се објавува методологијата на попишување која што требаше да биде интегриран дел на Законот за попис за сите да ја видат? Под број два, зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст кои што секако треба да се набават и е законска обврска за локалните избори кои ќе се одржат оваа година и третиот дел тоа е дека СДСМ се обидува да направи попис во кој луѓето нема да имаат доверба, граѓаните нема да имаат доверба и институциите нема да имаат доверба, истакнаа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат и дека нема да го поддржат пописот, а како што најавија идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе кредибилен попис по сите стандарди на ЕВРОСТАТ и другите европски и институции на Обединетите Нации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.