„Гaзeта експpec“: Можна е ocтавка на Али Axмети во септември

Можно е Али Ахмети да си даде ocтавка од позицијата претседател на Демократската унија за интеграција. Причина е поканата да сведочи во Xaг, пишува приштинскиот весник „Газета експрес“.

Како што објаснува весникот, сведочењето и интервјуата од страна на обвинителите на специјализираниот суд се долг процес, што ќе му оневозможи на Ахмети да ги извршува своите должности како претседател на партијата.

Неговата евентуална оставка би се очекувала во септември, откако Ахмети ќе замине во Хаг на крајот на месецов. Неофицијални извори на „Газета експрес“ како негов можен заменик го посочуваат Артан Груби, кој би бил в.д. претседател на партијата сѐ до следниот партиски конгрес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.