Џудо клубот “Бушидо” од Прилеп ги започна подготовките за 2019 година.
Овој месец тренерот Рубин Пеески, менаџерот на клубот Бојан Миткоски и неколку членови на клубот имаа гостување на ТВ Алфа каде го промовираа џудото во Република Македонија и постигнатите резултати на клубот.
Прва цел за “Бушидо” ќе биде Државното првенство, а потоа и Меѓународниот турнир “Турија”, каде прилепските џудисти се поканети по четврт пат.
Да потсетиме дека во 2018 година членовите на “Бушидо” освоија 130 медали на државните и меѓународните натпреварувања што е огромен успех за овој релативно млад клуб.
Оваа година е јубилејна за клубот, односно на 1 октомври клубот ќе прослави 5 години постоење, што би требало да биде дополнителна мотивација за џудистите.