Поимот “густина на калории” се користи за да се опише бројот на калории во даден волумен или маса на една храна.
Фокусот на храна со ниска калорична густина помага да се подобри начинот на исхрана, тоа значи дека се консумираат големи порции а во исто време се крати на калории. Овој принцип привлекува многу здравствени подобрувања вклучуваќи ги зголемениот внес на нутритиенти и губењето на телесна маса.
Што е густина на калории?
Поимот објаснува колку калории содржи еден оброк во даден волумен или маса.
-Се споменува и како енергетска густина во која единица мерка е калорија/100гр храна.
Избирајќи храна со ниска калорична вредност ние воведуваме стабилност и слабееме. Автоматски телото се заситува затоа што внесува повеќе храна а крати на непотребни калории.
Замислете чинија полна храна со ниска калорична густина. Помалку калории во чинијата значи дека имаме оброк со мала калориска густина. На пример, зеленчук од 100гр има 30калории(ниска калориска густина) – чоколадо од 100гр има 550калории(висока калориска густина).
Во овој дијаграм е прикажан концептот на исхранa со тоа што се споредени 5 различни примери со вкупна вредност од 500кал.
Брзи промени во секојдневната исхрана за подобро здравје !!!
Диетата со ниска калориска густина едноставно го тера телото да ја засити потребата од храна, да ги внесе потребните макро и микронутритиенти но најбитно од се воведува многу позитивни промени:
-помалку процесирана храна
-повеќе свежа и високо нутритивна храна
-внесување на чисти протеини
-намалено внесување на непотребни калории
-оптимално балансирани оброци и стабилна функција на организмот
Здрава храна со ниска калорична густина:
Кога би ги одделиле јаткастите производи и семињата што се извор на многу здрави нутритиенти, а имаат висока калорична вредност(се консумираат во мали количини), во овој список на ХНКГ припаѓаат:
–зеленчуците: посебно зеленчуците со зелена боја имаат најниска калориска густина од сите видови храна. Тоа е поради големата содржина на вода во нивниот состав.
–овошје: сите видови на овошје во својот состав имаат високо ниво на растителни влакна добри за баланс на цревата во човековиот организам.
–нискомастен јогурт, кокосово, соино и оризово млеко се напитоци кои обезбедуваат протеини за телото без додатни оптоварувања со непотребни масти
–растенија со високо ниво на скроб: компири, легуминози, моркови, цвекло. Овој вид растенија се посебно квалитетни доколку се термички се обработат(обарување).
–пијалоци без додатни количини на шеќери: чај, кафе, вода. Технички не содржат калории, а во исто време го исполнуваат желудникот.
–мали количини на риба и бело месо.
ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ
Иако во светот постојат милион различни диети, растителниот начин на исхрана е еден од најефективните начини за одржување баланс на телото, внесување на сите макро и микро нутритиенти, задржување на нормална телесна маса или лесно намалување на ТМ.
Храната со ниска калорична густина овозможува помалку глад во текот на денот иако порциите се поголеми.
Пишува: Марина Релушкоска
Авторот на текстот е Дипломиран Нутриционист