“Гужва пред Општина! Членовите си идат по ветената работа од Миле Талески и Градоначалникот пред изборите??”

Завршија претседателските избори, а Македонија го доби петтиот претседател од својата независност.

Овие избори за претседател ќе бидат запомнети по најголемата тензичност и неизвесност, а изборот на крајот го одлучија албанските гласачи кои во средините каде се мнозинство гласаа за Пендаровски.

Иако кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Професорката Гордана Сиљановска Давкова, победи во речиси сите општини со мнозинско македонско население, не успеа да ги победи контингентите албански гласови кои му беа испорачани на Стево Пендаровски.

Во Прилеп владечката СДСМ загуби во вториот круг со близу 1.600 гласови, а во однос на локалните избори во 2017 година, доживеа пад за нешто над 5.000 гласови.

Според прилепчани, ваквиот пад најмногу се должи на досега невидениот непотизам во јавната и државната администрација, катастрофалното ниво на капитални инвестиции во Прилеп, но и поради лагите за намалување на сметките за вода за 20%, немањето на нови фабрики, нови работни места, заканите и уцените од поединци, како и ароганцијата на дел од раководството од партијата на локално и државно ниво.

На социјалните мрежи, но и низ Старата чаршија, прв повикан покрај градоначалникот Јованоски е и Миле Талески, претседател на Советот на Општина Прилеп и на Општинската организација на СДСМ.

Со оглед на тоа дека во пресрет на изборите се ветувале вработувања, решенија на неопределено време за дел од вработените, но и разни други погодности, прилепчани се шегуваат дека пред Општина Прилеп има цела редица на луѓе кои се дојдени по ветеното.

Дали првите луѓе на локалната власт во Прилеп ќе успеат да го испорачаат ветеното, или веќе ги фати најавената метла на премиерот Заев, ќе видиме во периодот кој следува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.