Гужва од огласи за државно! Нови огласи за вработување и во Фондот за здравство во Прилеп

Фонд за здравствено осигурување на Македонија, подрачка служба Прилеп, објави 4 огласи за вработување.

Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување се бараат: две лица за работно место соработник за здравствена заштита, еден контер и еден инженер на систем.

Основната плата за соработник за здравствена заштита изнесува 23,520 денари, за контер 18,229, а за инженер на систем 23,520 денари.

Огласите се активни до 18.11.2019 година! Аплицирајте!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.