Компанијата “Гентерм” денеска го организираше вториот отворен ден во нивната фабрика, сместена во технолошко-индустриската развојна зона кај Алинци во близина на Прилеп.
Голем број граѓани денеска ги посетија производствените капацитети на фабриката и се запознаа со можностите и условите за работа.
“Гентерм” е најголем работодавач во Прилеп со над 2000 вработени лица и постојано е во потрага по нови мотивирани работници и стручни кадри, а ова е најдобар начин за компанијата да се стекне со нови вработени, а од друга страна граѓаните предвреме да го спознаат својот нов работодавач и подготвени да пристапат на работните задачи.
Отворениот ден е светски пристап на работа и еден вид на општествена одговорност, затоа што на ваков начин предвреме се гради меѓусебна доверба и соработка помеѓу компаниите и потенцијалните вработени лица.
Ваквиот начин на соработка треба да биде пример за сите останати компании кои планираат да ги прошират своите капацитети на производство, но и за сите идни инвеститори во индустриските зони во државата.
Покрај запознавање со условите за работа, од компанијата “Гентерм” обезбедија и забава за најмалите кои заедно со своите родители беа на настанот.