Американскиот ИТ гигант Гугл го менува начинот на издавање на дозвола за користење на Андроид апликацијата во Европа. Попрецизно, Гугл на производителите на Андроид ќе им ги наплатува апликациите.
Како што претходно во една своја изјава истакнал извршниот директор на Гугл, Сандер Пичаи, компанијата планира прв пат да ги наплатува „Плеј Стор и другите Гугл апликации.
Оваа одлука следува по пресудата во јули годинава, во која Европкста комисија одреди казна за Гугл од 5 милијарди долари за да не дозволи Гугл своите апликации за пребарување како Хрома и другите да ги направи доминантни во рамките на Андроид оперативниот систем, и на тој начин да ја уништи конкуренцијата.
Тоа значи дека заинтересираните производители во иднина ќе мораат да плаќаат за одредени ставки како Плеј Стор, кој се смета за виталното средиште на Андроид, но пред се е сервис на компанијата Гугл.
Основата на Андроид оперативниот систем и понатаму останува бесплатна и отворена, но ако производителите на мобилни телефони и таблети од Европа сакаат Плеј Стор или Гугл апликација ќе мораат да платат за нив.
Што значи дека Плеј Стор и апликациите на Гмаил, Гугл мапс ќе бидат ставени во пакет кој ќе биде опфатен со договор и одредена финансиска уплата.