Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо предупреди, доколку бројот на тешки случаи од Ковид-19 се зголемува со ова темпо, за 6 дена државата ќе остане без респиратори.
Респираторите се најважниот дел од опремата и се користат за најтешките случаи од Ковид-19.
Њујорк од своите залихи додели 400 респиратори на градот Њујорк и уште 200 на околните предградија, но гувернерот Куомо предвидува дека државата ќе се соочи со недостаток на респиратори.
Гувернерот најваи дека државата ќе нареди во употреба да се пуштат машините за анестезија или на еден респиратор да бидат поврзани повеќе пациенти.
Бројот на болни и починати во Њујорк расте со забрзана динамика- само во последните 24 часа умреа 432 пациенти.