Ракометарите на РК Прилеп полека, но сигурно го губат чекорот со екипите од горниот дел на табелата, а со тоа ги губат и шансите за пласман во плеј-оф разигрувањето.
Синоќа во “Ричко”, по вторпат сезонава беа поразени од Бутел, што беше деветти пораз сезонава за прилепчани. Крајниот резултат на семафорот 28:33.
И покрај одличниот почеток на натпреварот, и водството во неколку наврати со 3 гола разлика (7:4, 9:6), избраниците на Божидар Мојсов повторно не се снајдуваа како што треба во одбраната, па Бутел на полувреме замина со минимална предност од 16:17.
Во вториот дел прилепчани како да беа друга екипа. Не реализираа во нападот, одбраната им беше како швајцарско сирење, па Бутел ја зголемуваше разликата. По 10 минути игра резултатот на семафорот беше 24:17. До крајот гостите од Скопје рутински го приведоа кон завршеток натпреварот и запишаа вредни бодови.
Веќе неколку пати пишувавме дека потребни се засилувања во тимот, особено во одбраната, се разбира доколку прилепчани целат кон висок пласман и создавање на екипа која ќе брка излез на меѓународна сцена. Мислењето на вљубениците во ракометот во Прилеп е дека сезоната во одбраната може да ја спаси поранешниот капитен Филип Велески, кој сега има менаџерска улога во клубот. Ако Велески реши да се врати од “спортска пензија”, тоа со сигурност ќе значи цврстина во одбраната и поголема сигурност кај останатите играчи од тимот на теренот.
ТАБЕЛА:
Во наредното коло Прилеп гостува кај Вардар…