Македонскиот активист од леринско Крушоради, Стилијан Самарџиев (Стилијанос Самарѕис), на својот Фејсбук профил објави дека непознати сторители го нападнале домот на Архимандритот Никодим Царкњас во Грција.
-Грчки националисти му фрлија јајца на автомобилот и му напишале на бетонскиот под ЕЛЛАС.Камења на прозорците. До кога теророт врз 81 годишен старец ќе продолжи? – пишува активистот за македонска кауза во Грција.
Архимандритот Никодим Царкњас е етнички македонски, православен монах. Роден е во селото С’ботско, Воденско, Егејска Македонија во 1942. година. Со својата упорна и посветена борба за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во северна Грција, Отец Никодим Царкњас е една од водечките фигури и симбол на движењето на македонците од Егејска Македонија за остварување на националните и политичките права.