Скопје не може да се приклучи на НАТО додека не ги исполни своите обврски од Договорот потпишат во Преспа, изјави денеска грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, пренесува Инфомакс.
-Скопје ќе биде повикано да се приклучи на НАТО само тогаш кога ќе ги исполни сите обврски од преспанскиот договор, рече Каменос, пренесува агенцијата АНА.
Каменос посочил дека Македонија треба да ги исполни спефицичните обврски пред грчкиот парламент да го ратификува договорот, без што не може да стане членка на НАТО.
-Принципот на едногласност постои во НАТО. Дури и ако еден член не се согласува, земјата не може да стане членка, рече Каменос.
Договорот меѓу Атина и Скопје за ново име на Македонија беше потпишан на 17. јуни на грчкиот дел од Преспанското езеро, по спорот долг 27 години. Според договорот, новото име на Македонија ќе биде „Република Северна Македонија“.
Извор: infomax.mk