На 26.06.2023 полициски службеници од ОВР Прилеп од населба „Три Багреми„ во Прилеп, ги лишиле од слобода Е.А.(32), В.А.(54), С.А.(25), Ѓ.А.(33), Ш.Р.(24), М.А.(28), Џ.А.(33) сите од Прилеп, затоа што истите во населба Тризла во Прилеп учествувале во меѓусебна физичка пресметка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од ОВР Прилеп.