Грузиецот кој пушти корен во Македонија, нов тренер на прилепчани

По заминувањето на Горан Кузманоски – Таста во РК Скопје, прилепчани пронајдоа нов тренер кој ќе ги предводи во новата суперлигашка сезона.

Станува збор за Реваз Чантурија, ветеранот од Грузија кој со години игра за македонските клубови, а веќе две сезони успешно го носи и дресот на РК Прилеп.

Крилниот играч чии голови минатата сезона беа клучни за победите на прилепчани, сега ќе биде во нова улога, играч и тренер.

Претходното првенство покрај играч, беше и помошник-тренер на Кузманоски

Во претстојното првенство ќе има задача со подмладен тим да избори опстанок. Сега се очекува датум за старт на подготовките, избор на играчи кои ќе настапуваат за Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.