Груевски: Oд Македонија заминав во Албанија, власта нека ги открие деталите за бегството како што ветува

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, во неговото прво интервју по бегството и политичкиот азил кој го доби во Унгарија, за Сител ТВ вели дека од Македонија се упатил во Албанија, но не ги откри деталите за неговото движење.

Од Македонија заминав во Албанија, каде се пријавив во унгарската амбасада во Тирана каде побарав политички азил, а отааму дојдов во Унгарија.

Заради безбедности причини, тие одлучија да бидам транспортирам на начинот според кој тоа и се изведе.

Од актуелната влада велат дека ќе ги откријат сите детали околу бегството, па да оставиме на нив да го сторат она што го ветуваат, одговара Груевски на едно од прашањата во интервјуто..




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.