Јас на граѓаните во многу наврати им предочив дека доколку нема јасна победа со 63 пратеници тоа ќе биде можност кризата да биде продолжена, тоа го сакаат некои сили, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Тв Нова.
Тоа не се случи затоа што некои работи се изместија со многу фактори. Сега кризата продолжува само се менуваат одредени фази има одредени разлики но продолжува и тоа не е добро. Нам ни требаат пред избори со јасна победа. Ако изгубиме со еден пратеник ние нема да играме како СДСМ со националните интереси, затоа што така и државата ќе губи. Ние тоа нема да го правиме како СДСМ, ќе се бориме во парламентот но нема да бидеме како нив. Изгубија па излегоа на прослава и до ден денес тоа го зборат. Колку треба да немаш интегритет за секој ден да зборуваш дека си победник. Нека има избори да видиме кој ќе победи нека одбере народот. Но потоа да се овозможи да се формира влада и да се остварат целите, рече Груевски.