Груевски пред Обединетите Нации: “Името на мојата земја е Република Македонија, мојот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван” (ВИДЕО)

Обраќањето на поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, во 2013 година пред Генерелното Собрание на Обединетите Нации.

“Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван, а ако ова прашање не може да се реши сега, иако ние сме најзаинтересирани за негово решавање и искрено посакуваме решение кое ќе е одржливо, балансирано, и најбитно взаемно прифатливо, тогаш некоја друга генерација во поинакви околности ќе може да го реши ама токму врз база на вредностите, позициите и принципите кои претходно ги наведов, а кои говорат за праведно и правично решение, без победници и поразени”, реше тогаш Никола Груевски во обраќањето пред ОН.

Тој ги повика ОН да не замижуваат и да покажат активност во решавањето на македонско-грчкиот спор. Груевски рече дека Обединетите Нации не смеат да не погледнат во прекршувањето на фундаментално човеково право самоименувањето и треба да покажат суштинска активност во овозможувањето на тоа право, а во овој случај активност која ќе води кон решение на отворените прашања кои ние ги имаме со Грција.

Груевски тогаш рече дека меѓународното право треба да е решение за секој предизвик. ОН, истакна Груевски, беа формирани за да го штитат меѓународното право. Ниту една норма од меѓународното право не налага некоја земја да не може да се нарекува како што сака, а нејзините граѓани да не можат да се нарекуваат и именуваат како сакаат. Именувањето е едно од петте елементи на државите и тоа е неоспорно право на секоја земја член.

(прво видео 5:30; второ видео 5:33 )




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.