Груевски: Нови 8.700 вработувања со Оперативниот план за 2016 година

212121

Околу 8.700 лица се очекува да се вработат со новиот Оперативен план за вработување за 2016 година, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Груевски истакна дека со Оперативниот план ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои за 8.700 се очекува да се вработат, а останатите ќе поминат низ обуки.

– За оваа цел ќе бидат инвестирани 11 и пол милиони евра кои се предвидени во Буџетот на Република Македонија и се изгласани во Собранието. Ова ќе биде уште еден придонес кон намалување на невработеноста, односно зголемување на вработеноста. Многу луѓе кои во моментот немаат вработување преку серијата мерки кои се влезени во Оперативниот план, а кои ги има околу 20, ќе им биде овозможено вработување, изјави Груевски по промоцијата на новите дела од едицијата на „Ѕвезди на светската книжевност“.

Премиерот информира дека околу 15 јануари се очекува да биде објавен и конкурсот за првата програма од Оперативниот план за вработување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.