Груевски: Не копајте гpoб на друг, оти самите ќе паднeтe во него

Екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, преку социјалните мрежи упати честитка по повод денешниот празник Успение на Пресвета Богородица.

Тој порача, овој празник да донесе здравје и среќа за сите, додавајќи да правиме добро, со добро да ни се врати.

„Денес е голем празник-Успение на Пресвета Богородица.

Денес се слави, не смртта, туку заспивањето и вознесувањето, заминувањето на небото, воскреснувањето како со душата, така и со телото на мајката на Исус Христос – Марија. Земена во Христовите прегратки и вознесена на небото, Таа станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

И, како што рекол нашиот народ, не копајте гроб на друг, оти самите ќе паднете во него“, вели Груевски во честитката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.