Груевски најави пет нови проекти за младите

– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска најави нови пет проекти наменети за младите. ВМРО-ДПМНЕ, како што порача во денешнто обраќање пред членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, иднината ја темели на младите и акцентот го става на нивната иднина.

Како што рече младите се иднината на Македонија и нејзината сила па затоа и продолжуваат со вложувањето во иднината на младите.

Првиот проект, како што посочи, е бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета недела од месецот. Мерката ќе стартува во март 2016 година, а за нејзино спроведување Владата ќе исплаќа дополнителни трансфери кон Македонски железници.

gruevski7

– Преку овој проект младите до 27 години ќе имаат можност да добиваат бесплатен повратен билет со кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај секоја прва и трета недела од месецот во периодот на викенд односно од петок по 12 часот до понеделник до 12 часот, рече Груевски.

Со овој проект, нагласи, ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите.

gruevski-1

– Оваа мерка е практично проширување и збогатување на можноста која и досега постоеше за бесплатно патување во железничкиот патнички сообраќај за млади лица до 27 години, во третиот викенд во месецот што започна во јули 2014 година. За проширување се одлучивме поради исклучително позитивните резултати и големиот интерес кај младите, рече Груевски.

Нагласи дека за шесте месеци во 2014  година и 11 месеци од 2015 година таа мерка досега  ја искористиле преку 48.758 млади со што заштедиле околу 17 милиони денари.

Втората мерка која што ја најави Груевски е бесплатна обука за основни компјутерски вештини за млади до 29 години.

-Во насока на зголемување на конкурентноста на пазарот на трудот, млади лица до 29 години ќе имаат можност за посета на обуки за познавање на компјутерски вештини и странски јазици, со што ќе им се помогне на младите за стекнување на соодветни знаења, потребни за воведување во работниот процес. Овој проект предвидува секоја година, почнувајќи од март 2016 година, 2000 млади лица на возраст до 29 години да бидат вклучени во обуките и тоа 1000 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги светските јазици кои се најпотребни во моментот на пазарот на труд, односно англиски, германски и француски, ширум територијата на Република Македонија. Ќе постојат три нивоа на изучување на јазиците и тоа почетен, среден и напреден. За таа цел кон крајот на февруари оваа година ќе биде распишан јавен повик преку АВРМ со цел да се пријават заинтересираните кандидати, додека селекција на кандидатите ќе биде по принципот успех на студии согласно ранг на универзитетот, 35 бода и социјален статус кој ќе носи и до 65 бода. А за младите кои не студираат, ќе се земе во обзир само социјалниот статус, сметајќи го вкупниот приход во семејството на годишно ниво. Со оваа мерка им се помага на младите да се стекнат со вештини и знаења потребни и барани на пазарот на трудот. Покрај активните мерки за вработување кои се нудат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, ова ќе биде можност плус за оваа категорија на граѓани. Значи секоја година по 2000 лица, за 4 годишен мандат 8000 лица, истакна тој.Тој посочи дека биде распишан јавен повик преку АВРМ со цел да се пријават кандидатите, додека селекција ќе биде по принципот успех на студии согласно ранг на универзитетот 35 и со статус до 65 бода. Со оваа мерка им се помага на младите да се стекнат со вештини барани на пазарот на трудот. Ова ќе биде можност плус за оваа категорија на граѓани.

Во мерките за млади се најдоа и студентите . Во петте државни студентски домови ќе бидат изградени перални и сушални во петте државни студентски домови.

-Низ нашата комуникација со студентите се судривме со овој значаен проблем кој ни беше посочен од нивна страна и кој можеби целокупната јавност и не е току приоритетен. Но, за над 6500 студенти во домовите значи проблем за нивно функционирање но и финансиски товар за нивните буџети. Во насока на задоволување на потребите на студентите сместени во студентските домови,и зголемување на студентскиот стандард, ВМРО-ДПМНЕ следејќи ги најновите позитивни искуства применувани во студентските домови во повеќе европски држави, се реши да ги опреми со нови перални и сушални сите 10 постоечки студентски домови во Македонија, истакна Груевски.

Станува збор за 5-те државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Пробиштип.

-Низ нашата комуникација со студентите се судривме со овој значаен проблем кој ни беше посочен од нивна страна, и кој можеби за целокупната јавност не е толку приоритетен, но за 6 500 студенти присутни во домовите значи проблем за нивното функционирање, но и финансиски товар за нивните буџети. ВМРО-ДПМНЕ во насока на задоволување на потребите на студентите, сместени во студенстките домови во Република Македонија и воедно зголемување на студентскиот стандард, следејќи ги најновите позитивните искуства применувани во студентските домови во повеќе европски држави се реши да ги опреми со нови перални и сушални сите 10 постоечки студентски домови во Република Македонија. И тоа 5те државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, во Охрид, во Штип, во Прилеп и воПробиштип. Вкупно за сите државни студентски домови се предвидени 50 машини за перење и 50 машини сушење распоредени во зависност од бројот на студенти во секој од нив. Со ова ќе се надмине еден реален и дологодишен проблем на студентите сместени во државните студентски домови и кои минуваа низ бројни непријатности, и практично ова ќе биде задоволување на уште едно нивно барање. Проектот ќе се спроведува преку министерството за образование и наука, а почетокот на реализација ќе биде од јануари 2017та година.

Проектот ќе се спроведува преку Министерството за образование и наука, а почетокот на реализација ќе биде од јануари 2017 година, а до тогаш ќе се одвиваат подготвителните активности.

Груевски најави дека од октомври оваа година ќе започне изградба на фитнес зони во 18 градови низ Р. Македонија. Овој проект ќе биде реализиран преку Агенцијата за млади и спорт и локалните самоуправи.

-Четвртиот проект кој денес го објавувам е проектот за изградба на ФИТНЕС ЗОНИ низ 18 градови на Република Македонија. Во насока на поддршка на спортскиот дух и промоција на спортот и спортските активности, ќе бидат изградени фитнес зони во градските паркови на отворено во 18 општини во РМ и тоа Скопје, Гостивар, Кочани, Струмица, Куманово, Струга, Кичево, Гевгелија, Маврово, Крушево, Берово, Дојран, Тетово, Прилеп, Битола, Охрид, Ресен и Велес. Од овој проект ќе имаат бенефит пред се младите, но и останатите граѓани заинтересирани за овој вид активности. Плановите се проектот да се реализира преку Агенцијата за млади и спорт во соработка со општините, за што ќе бидат издвоени одредени зони во градските јадра каде ќе бидат поставени соодветни спортски направи за одвивање на финтес активности. Проектот ќе започне да се реализира од октомври 2016та година.

Нови читални ќе се градат во Струмица, Аеродром и Велес.  Ова е уште еден од петте проекти наменети за млади луѓе кои денес ги најави Никола Груевски.

-Работејќи посветено на отворањето нови просторни капацитети кои го помагаат процесот на студирање и едукација, ВМРО ДПМНЕ предвидува отворање на нови читални во Струмица, Велес и Аеродром. Министерството за образование и наука кое ќе го спроведува проектот, ќе обезбеди работа на читалните секој ден од неделата, а ќе имаат капацитет од 100 до 150 места и 10 компјутери кои ќе бидат на располагање за корисниците на читалната. Се одлучивме за отворање на читална во Струмица бидејќи тоа е град каде постојат дисперзирани студии и има 670 студенти, додека пак на постдипломски студии има дополнителни 1200 студенти. Првичниот план е читалната која ќе биде опремена со соодветна литература да биде сместена во центарот за култура. Отворањето на читалната во Аеродром ќе биде од значајна корист за студентите, учениците и посдимпломците кои потекнуваат од тоа подрачје на градот Скопје а кој се карактеризира со млада популација и на тој начин ќе се придонесе кон растоварување на постоечките капацитети на читалните во градот Скопје. Исто така и градот Велес ќе добие современа читална, тоа е град каде студираат над 600 студенти, и место каде егзистираат повеќе диспрезирани студии од различни насоки, рече Груевски.

Овој проект ќе се реализира во јануари 2017та година, преку министерството за образование и наука.

-Ова е се 5 конкретни проекти кои вие знаете дека ќе ги реализираме, како што реализиравме и реализираме многу други. Како што претходно кажав, за сите проекти што ги набројав ресорните министерства во соодветна процедура, ќе бидат реализирани од страна на институциите, органите и телата управувани од страна на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со почитување на сите законски прописи. Овие проекти се добро обмислени, и се обезбедени сите потребни услови и ресурси за нивна реализација и од содржински и од формален аспект, рече Груевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.