Го прочитав текстот на договорот со Грција, објавен во медиумите. Во меѓувреме прочитав дека владата веќе го усвоила на вонредна владина седница. Препорачувам секој да го прочита, пред да даде свое мислење, без да верува на тврдењата и интерпретациите на различни домашни или надворешни политичари, партии или медиуми. Не дозволувајте ни друг да ви го раскажува или интерпретира. Потрошете 20-30 минути од Вашето време, пишува поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил.
Целосниот транскрипт од договорот со Грција може да го прочитате тука.