Груевски за враќањето во Македонија: „Ништо не е невозможно, се е Божја промисла“

Поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски преку својот Фејсбук профил порача дека за враќањето во Македонија ништо не е невозможно и дека се е Божја промисла.

„Денес низ различни медиуми и апликации добив стотици и илјадници топли честитки со искрени желби за здравје, среќа, успех и враќање во Македонија, во новата 2023 година, на кои физички е невозможно да одговорам поединечно во брзо време.

Ништо не е невозможно. Се е Божја промисла и за секој од нас Бог има некаков свој план, понекогаш дури и кога се изгледа безнадежно.

Благодарам уште еднаш. Еден пријател синоќа ми пишал: “И така и оваа година ќе си замине… како и многу други пред нејзе…а нас ќе ни останат сеќавањата… се надевам само добри… среќна нова година Никола”.

Му честитав возвратно со најдобри желби и допишав: “Да, годините минуваат, а сеќавањата остануваат и тоа е предвидливо. Но, тоа не го прави животот бесмислен ако човек има цели во животот базирани на чесни основи, ако има идеали и ако има љубов”, пишува Груевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.